Промоција на книгата „Долгата транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа“

од Nikola Popovski
257 прегледи

На 1 февруари 2024 година, со почеток во 18 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, Универзитетот Американ Колеџ Скопје организира промоција на книгата Долгата транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа, која на англиски јазик ја објави познатата академска издавачка куќа Палгрејв Макмилан од Лондон.

За книгата е поканет да зборува францускиот дипломат од кариера, амбасадорот Ален Ле Роа.

Приредувачи и автори на ова издание се Роберт Хадсон, историчар и професор од Велика Британија, и Иван Додовски, професор по критичка теорија и литература на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

Публикацијата нуди богата хронологија и современ научен поглед врз значајни аспекти на политичката и културната историја на Македонија од 1991 година до денес. Овој научен зборник содржи и поглавја за економски, безбедносни, општествени и културолошки теми за кои пишуваат и девет други научници од Македонија: Стево Пендаровски, Жидас Даскаловски, Марјан Петрески, Хирије Абази-Алили, Ненад Марковиќ, Блерим Река, Марина Андева, Лорета Георгиевска-Јаковлева и Огнен Вангелов.

Како што истакнува Мартин Ради, рецензент на ова издание и Масарик професор емеритус од Унверзитетскиот колеџ во Лондон, книгата Долгата транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа е „особено значаен и навремен придонес што сигурно ќе има влијание врз проучувањата на Балканот, новата Источна Европа и посткомунизмот“.

Повеќе за книгата: https://link.springer.com/book/10.1007/978-3-031-20773-0

Слични содржини