Поетската книга „Вештерките денес“ од Калиа Димитрова ќе биде промовирана вечер во Музејот на современа уметност во Скопје.

Со книгата истовремено стартува новата едиција „300 ветрила!“ на издавачката куќа Темплум. Едицијата му е посветена на Огнен Чемерски.
Никола Гелевски, главниот уредник на Темплум, на промоцијата ќе зборува за новата едиција и за книгата, а актерката Кристина Леловац ќе прочита неколку песни од стихозбирката.
Премиерно ќе биде прикажан и краткиот филм „Вештерките денес“, во режија на Борјан Стојков, изработен според пет песни од збирката на Калиа./МИА