Промоција на творештвото на Дурацоски во Струга

од Vladimir Zorba
91 прегледи

На летната сцена на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечер ќе биде промовирано творештвото на писателот и сликар Димитрие Дурацоски. Промоцијата е во рамките на шестото издание на фестивалот за процесирање култура ДримОН.

Дурацоски е познат сликар и писател, добитник на Наградата „8 Ноември“ на  град Струга во 1986 година од областа на културата и уметноста. Од 1989 година тој е член на Друштвото на писателите на Македонија.

Во текот на изминатите години реализирал повеќе самостојни изложби и соработувал со многу домашни и странски ликовни уметници.