Промовирана новата поштенска марка во чест на Рамковниот договор

од Nikola Popovski
291 прегледи

Заедно со директорот Јани Макрадули и членовите на Директорскиот совет на Поштата на Северна Македонија, денеска ја промовиравме новата поштенска маркица по повод 20 години од Охридскиот договор, соопшти првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби.

Директорот Макрадули на настанот изрази задоволство што на 20-годишнината од Охридскиот договор успеале да направат поштенска марка која, како што кажа, е испечатена во 6.000 примероци и чини 72 денари.

-Мило ми е што Поштата на Северна Македонија на ваков уникатен начин стана дел од овој значаен јубилеј за сите нас, истакна Груби и додаде:

-„Благодарен сум кон оваа институција и кон сите оние кои стануваат дел од манифестациите за одбележување на Охридскиот договор кои ќе кулминираат на 13 август во Скопје со централната манифестација, со поканети од земјата и од меѓународната заедница како директни учесници во изработката и имплементацијата на договорот“, кажа вицепремиерот на заедничката прес-конференција.

Слични содржини