Пронајдени пиштол и муниција при претрес во Тетово

од Destan Jonuzi
260 прегледи

Синоќа во 20.45 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.К.(32) од Тетово.

– Полициски службеници од СВР Тетово синоќа во 20.45 часот го лишиле од слобода К.К.(32) од Тетово. Имено, по претходна судска наредба бил извршен претрес во домот на Л.К.(31) и Б.К.(33), двајцата од Тетово, во угостителски објект кој работел во состав на куќата, полициските службеници кај К.К.(32) од Тетово пронашле пиштол „хеклер“ калибар 9×19 мм со рамка со 10 куршуми калибар 9 мм, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.