172
На 03.12.2022 околу 03.40 часот во Полициската станица Кочани, од Општа болница Кочани било пријавено дека од кругот на болницата било одземено службено обележано специјално возило „Тојота“, сопственост на Итната медицинска помош Кочани.
По преземени мерки, полициски службеници од ОВР Кочани возилото било пронајдено во 08.30 часот на ул.„Кирил и Методиј“ во Кочани и било вратено на Итната медицинска помош.
За настанот бил известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.