300
На 27.10.2022 околу 16.10 часот во Полициската станица Велес, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово – Отворено одделение Велес било пријавено дека во одводот на затворскиот тоалет биле пронајдени повеќе пакувања со хероин.
Од полициски службеници дрогата била одземена за понатамошна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.