Пронајден е починат 20-годишен мигрант од Сирија

од Nikola Popovski
417 прегледи

МВР информира дека близина на кумановското село Табановце, пронајден е мртов 20 годишен државјанин на Сирија.

– На 19.09.2021 во 18.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека во близина на брана во село Табановце било пронајдено починато машко лице, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

– По извршениот увид било утврдено дека се работи за М.Л.(20) од Сирија. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било подигнато и однесено во капела и по негови насоки дополнително ќе се постапува по случајот, се наведува во соопштението од полицијата.

Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.

Слични содржини