Пронајден и казнет возачот кој возеше во пешачка зона во Струмица

од Vladimir Zorba
499 прегледи

Денеска полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица, постапувајќи по пријава за претходно објавени снимки на социјалните мрежи, според кои патничко возило се движи на места определени за пешаци по ул.”Благој Ј.Мучето” и на плоштадот “Гоце Делчев”, по преземени мерки и активности ги пронашле возачот и возилото.

Притоа било констатирано дека станува збор за Н.А.(23) од с.Градашорци кој управувал патничко возило “голф”, со струмички регистарски ознаки.

За непочитување на законските прописи против Н.А. се изречени соодветни платни налози.

Слични содржини