Актерката Ким Катрал од серијата „Сексот и градот“ и канадската полиција потврдија дека исчезнатиот брат на ѕвездата е пронајден мртов, пренесоа американските медиуми.
Ким Катрал апелираше до луѓето на социјалните мрежи вчера, откако замоли да помогнат во потрагата по нејзиниот брат. Тој исчезнал од својот дом во Лакомб, канадската провинција Алберта. Таа ја објави неговата „неочекувана смрт“ на Твитер.
Канадската полиција објави порака дека 55-годишниот маж бил пронајден мртов во неговиот имот во покраината. Истрагата продолжува, но „прелиминарните податоци покажуваат дека околностите околу неговата смрт не се под сомнение“.
Со објавувањето на Твитер, ѕвездата побара од своето семејство да не се вознемирува, но исто така изрази благодарност до корисниците на социјалните мрежи за нивната „љубов и поддршка во овој тежок момент“.