34
МВР информира дека вчера попладне во 16:10 часот во СВР Тетово било пријавено дека во сопствената куќа во гостиварското село Беловиште, бил пронајден починат 43-годишниот А.Ш.
Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош Гостивар, а увид на местото извршиле екипа од ОВР Гостивар и јавен обвинител, информираат од СВР Тетово.
По наредба на обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.