Вчера во 16.35 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во стан на улица „Пушкинова“ во Скопје има починато лице без видливи траги на насилство.

Утврдено е дека се работи за лицето Н.А.(41) од Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.