Пронајден убиен 16- годишник, го пронашол роднина…

од desk3
82 прегледи

пиштол
На 29.09.2015 година во ПО Групчин С.С.(44) од с.Групчин пријавил дека 18,00 часот, преку негов близок родина, пријавил дека во нива во месноста „Чешма“, што се наоѓа над ова тетовско село, го пронашол починат неговиот 16-годишен син со една влезна рана од огнено оружје, најверојатно пиштол, во левиот дел од градите. Веднаш бил повикан лекар кој ја констатирал смртта.Набрзо по пријавувањето, Ј.О, увидна екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле увид.На местото на настанот пронајдено е безживотното тело на малолетникот покрај кој се наоѓал пиштол „Берета“ калибар 9 милиметри, неколку неиспукани куршуми од ист калибар во цевката и шаржерот на пиштолот и една испукана чаура.Покрај тоа, пронајдени и подигнати за вештачење се и други траги, а по наредба на Ј.О. телото на починатиот е дадено за обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.