Авионската бомба од Втората светска војна пронајдена е и отстранета од подрачјето кое припаѓа на официјалната резиденција на претседателот на Русија, изјавил командантот на Кремљ, Сергеј Хлебњиков.

Тој изјавил дека бомбата била пронајдена во текот на археолошкото ископување кое во меѓувреме е запрено.
„Пронајдена е неексплодирана бомба која веројатно заостанала од Втората светска војна. Се наоѓаше длабоко под површината“ – истакнал Хлебњиков.
https://twitter.com/elementartyy/status/1162010148807819265
Хлебњиков истакнува дека бомбата била пронајдена во делот на Кремљ кој некогаш бил во функција на подрум за мраз и дека е отстранета од површината која припаѓа на резиденцијата на рускиот претседател.