Пронајдена дрога кај битолчанец

од Milan1

Вчера на ул.„Климент Охридски” во Битола, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје во СВР Битола го лишиле од слобода Д.Д.(33) од Битола. При претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, повеќе предмети со остатоци од прашкаста материја и пари во различни апоени.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Слични содржини