Пронајдена дрога кај неколку лица во Скопје

од Radmila Tasevska
330 прегледи

На 31.12.2023 во 19.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.Р.(19) с.Арнакија, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

На 01.01.2024 во 01.00 часот во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода К.Ф.(22) од Куманово, кај кого пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Исто така, во 02.40 часот во угостителски објект во скопскиот Градски парк, полицијата го лиши од слобода С.К.(23) од Црна Гора, затоа што пронашле и одзеле бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираа од МВР.

 

Слични содржини