333
Полицијата од СВР Охрид – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје вчера во 20 часот во Охрид го лишила од слобода 44-годишниот охриѓанец И.Ш.
– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи.