Пронајдена дрога во дворот на затворот „Шутка“

од Nikola Popovski
55 прегледи

Полицијата повторно информира за пронајдена дрога во затворите, овој во затворот „Скопје“, попознат како „Шутка“. Дрогата била пронајдена во текот на вчерашниот ден во раните утрински часови.

-Денеска (02.03.2025)  во 03.32 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во шеталиштето во установата, во кеса била пронајдена марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Пред десетина дена, Скопската полиција информира дека бил извршен претрес во затворот „Идризово“ при што биле пронајдени различни видови на дрога. Полицијата соопшти дека биле пронајдени и одземени и марихуана и таблети.

Слични содржини