56
На 6 март 2025 година, околу 13:30 часот, во СВР Скопје, Е.А. (58) од Скопје пријавил дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба ја пронашол почината неговата сопруга Р.А. (57) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош утврдил смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било упатено на обдукција за утврдување на причините за смртта.
Властите продолжуваат со истрагата во врска со овој случај.