305
МВР соопшти дека денеска, при претрес во продавница за обувки во Охрид, пронашле и одзеле 13.203 парчиња петарди.
„Денеска, 25.12.2020 година од страна на Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид по преземени мерки и активности по ОА ,,Петарди,, при претрес во продавница за обувки во Охрид сопственост на И.Ш (46) пронајдени и одземени се 13203 парчиња петарди. По комплетирање на доказниот материјал против И.Ш ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.