Пронајдени 18 кг кокаин меѓу банани во продавница во Хрватска

од Nikola Popovski
380 прегледи

Утрово се пронајдени 18 килограми кокаин меѓу кутии со банани во продавница во Плоче, Хрватска, потврди тамошната полиција.

Кокаинот го пронашла работничка о продавницата и таа веднаш повикала полиција.

Полицијата соопшти дека биле пронајдени 16 пакувања во кои биле измерени 18,2 килограми кокаин со бруто мерење.

Полициските службеници го заплениле пронајдениот кокаин и започнале истрага.

Пред неколку месеци полицијата пронашла поголема количина кокаин во Плоче, а пред неколку дена Обвинителството покрена обвинение против три лица за криумчарење 56 кг кокаин од Еквадор преку пристаништето во Плоче.

Прашањето сега е дали кокаинот пронајден денес е дел од истиот товар.

Слични содржини