СВР Штип поднесе кривична пријава против Џ.Д.(35) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.
На 19 августво Штип, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени три автоматски пушки со калибар 7,62мм, седум рамки и 190 куршуми со ист калибар, соопшти полицијата.