14
– Вчера (21.12.2024) полициски службеници од СВР Битола, со судска наредба, извршиле претрес во Битола во дом на малолетно лице од Битола, при што биле пронајдени 3.000 парчиња пиротехника. Исто така, вчера полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола во Прилеп ги лишиле од слобода А.О.(26) од Прилеп и Ф.И.(36) од Прилеп бидејќи кај нив биле пронајдени околу 2.000 парчиња пиротехника, информираат од МВР.
По документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.