226
Во атарот на селото Лојане, општина Липково, поточно кај место викано „Шорта“, полицијата открила 52 лица илегални мигранти со потекло од африкански и азиски земји.
Тие биле приведени и однесени во Транзитниот центар Табановце.
Четири лица од Пакистан биле лишени од слобода затоа што кај нив биле пронајдени нелегални супстанци и ладно оружје а биле посочени и дека физички ги напаѓале останатите од групата.
Тие се предадени во СВР Куманово. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.