Индонезиските власти објавија дека го лоцирале точното место каде Боинг 737 паднал во морето. На бродот имало 62 лица.
-Откривме сигнали на две места. Ја бараме и црна кутија – рече шефот на индонезиската агенција за пребарување и спасување Багус Паруито.
Портпаролот на полицијата во Џакарта, Јуски Јунус истакна дека тие добиле дел од она што го нашле од агенцијата за пребарување и спасување.
– Добивме предмети на еден од патниците, но и делови од тело. Ние сè уште истражуваме што откривме – нагласи Јунус.
Остатоците се пронајдени на длабочина од 23 метри, а претходно од водата биле извадени делови од тело и парчиња облека. Нема назнаки дека некој ја преживеал несреќата. Во авионот имало 50 патници, вклучувајќи десет деца и 12 членови на екипажот.
-Добивме известувања на нуркачкиот тим дека видливоста во водата е добра и јасна, што овозможи да се пронајдат делови од авионот. Сигурни сме дека тоа е точката каде што авионот паднал, соопшти морнарицата.
Авионот од „Сривиџаја ер“ исчезнал од радарот откако за една минута изгубил висина од 3.000 метри. Тој претходно не испратил сигнал за тревога, па засега е нејасно што е причината за несреќата.