Пронајдени црните кутии на авионот „Ил-76“ кој се урна во Белгородската област

од Stefanija Kuzmanovska

На местото на падот на рускиот транспортен авион „Ил-76“ во регионот на Белгород, кој превезувал 65 украински затвореници на размена се пронајдени црните кутии и тие се во добра состојба, изјавил за РИА Новости извор кој бил на терен.

„Откриени се и двете црни кутии – уред за снимање параметри на летот и диктафон“, изјавил соговорникот, истакнувајќи дека црните кутии се наоѓале во задниот дел на авионот и веќе се предадени на истражителите.

По повод падот на рускиот воен транспортен авион „Ил-76“ со 65 украински затвореници, 6 руски членови на екипажот и тројца придружници, за денеска во 17 часот по њујоршко време е закажан состанок на Советот за безбедност на ОН, бидејќи претходно , според зборовите на првиот заменик постојан претставник на Русија во Обединетите нации, Дмитриј Пољански, Франција, која претседава со Советот за безбедност на ОН, вчера го одбила барањето на Москва за свикување на седницата.

Слични содржини