Пронајдени двајца починати во викендица во гостиварско

По наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција

од Nikola Popovski
27 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/ Телевизија M-Net HD

На 08.01.2026 во 23:45 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во викенд куќа во с.Горна Ѓоновица, гостиварско, се пронајдени починати Т.Ј.(30) и И.Н.(30), двајцата од Скопје.

-Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција, соопштија денеска од полицијата.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.