Пронајдени и уапсени тројца албански државјани барани со потерница

од Nikola Popovski
303 прегледи

МВР информира дека полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи заедно со полициски службеници од ОВР Дебар и ОВР Струга, врз основа на судска наредба, вчера извршиле претрес во објект во с. Селокуќи, сопственост на А.М.(44) од Дебар.

Според информациите, при претресот во објектот биле затекнати албанските државјани А.Ц. (36), И.М.(29) и Ф.Ц.(33), кои биле без документи и без пријавен престој.

„Ф.Ц. бил баран по потерница и од Основен кривичен суд Скопје му бил одреден притвор и ќе биде спроведен во истражен затвор. Исто така, било утврдено дека А.Ц.(36) лажно се претставил како Р.К. и исто така се барал со потерница за сторено кривично дело. По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од полицијата.

Слични содржини