273
МВР информира дека 67-годишeн скопјанец бил приведен откако при претрес на неговото возило полицијата пронашлa тројца Кубанци кои илегално влегле во државата.
-Синоќа на автопатот Скопје-Гевгелија, кај наплатна станица Градско, полициски службеници од граничниот надзор „Михајлово“ го лишиле од слобода Б.П. (67) од Скопје. При контрола во возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени Р.В.Ј. (25), Р.В.О. (22) и Х.М.В.А. (42), сите од Куба, кои илегално влегле во државата, велат од полицијата.
Сите биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.