Пронајдени мигранти во ладилник, самиот возач ги пријавил

од Nikola Popovski
416 прегледи

МВР пронајде мигранти на граничниот премин „Богородица“.

Според полицијата, во текот на вчерашниот ден во 11.50 часот на ГП „Богородица“, В.П.А.(32) од Унгарија пријавил дека во товарното возило „сканиа“, со унгарска национална ознака, кое го управувал, има мигранти. Полициски службеници извршиле контрола и во внатрешноста на ладилникот биле пронајдени 4 лица – илегални мигранти, од кои 3 од Сирија и 1 од Того.

Мигрантите биле однесени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. Се работи на расчистување на случајот.