Пронајдени над 50 килограми марихуана во Демирхисарско, приведено едно лице

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Полициски службеници од ОВР Демир Хисар при СВР Битола вчера во близина на село Сладуево, демирхисарско, го лишија од слобода Е.Е.(53) од село Калишта, струшко.

Како што соопшти денеска МВР, при преглед на патничко моторно возило  „ауди” со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.Е., биле пронајдени над 50 килограми марихуана.

Лицето е приведено во полициска станица Демир Хисар, поднесена е кривична пријава и предадено на ОЈО Битола. 

Слични содржини