Пронајдени најмалку седуммина мигранти починти на брод

од Milan1

Најмалку седум мигранти на брод на пат кон медитеранскио остров Лампедуза починале од хипотермија, соопшти денеска италијанската новинска агенција АНСА.

Крајбрежната стража во текот на ноќта забележала брод на 59 километри од брегот на Лампедуза и на него пронашла три тела, додека останатите четири лица починале набргу по закотвувањето во пристаништето, пренесува АНСА.

Градоначалникот на Лампедуза, Салваторе Мартело, го потврди билансот на починати, додавајќи дека бродот превезувал 280 мигранти, главно од Бангладеш и Египет.

Слични содржини