Пронајдени неексплодирани убојни средства на Шар Планина

од Nikola Popovski
19 прегледи

Во текот на последните 24 часа на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се регистрирани вкупно 1.712 повици. Од нив „реални“ повици биле 935 или 54,61%, а 777, односно 45,39% биле за други потреби на граѓаните кои не биле итни.

Кон полицијата биле упатени 180 повици, односно 60,81% од вкупно примените повици, кон итната медицинска помош 94 или 31,76%, кон пожарникарите 18 повици или 6,08% и кон ЦУК 4 повици или 1,35%. Сите овие повици за итни случаи биле предмет на примање и обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Во текот на вчерашниот ден во РЦУК Тетово добиена е дојава за пронајдени две неексплодирани убојни средства (НУС), пред с. Ѓермо, во шумскиот дел од Шар Планина. За ова, од страна на РЦУК Тетово известени се ПС Тетово и ДЗС – подрачна единица Тетово. Местото на пронајдените НУС е обезбедено од страна на полицијата се до нивно соодветно отстранување.

Слични содржини