-Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во соработка со полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, СВР Велес и Регионален центар Југ, по претходна пријава, на патот кон с.Паликура, општина Росоман, во приватен објект, пронашле 10 вреќи со 98 пакувања марихуана, во вкупна количина од околу 100 килограми, соопштија од МВР.
По насока на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци извршен е увид и се преземаат интензивни мерки и активности за обезбедување на докази за инволвираност на лица кои го сториле кривичното дело предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.