Пронајдени остатоци од јапонски брод од Втората светска војна: На него загинаа скоро илјада луѓе

од Stefanija Kuzmanovska

Истражувачи на длабочините пронајдоа остатоци од јапонскиот транспортен брод кој потонал кај Филипините. Во таа прилика загинаа речиси 1.000 австралиски војници и цивили во Втората светска војна.

Тоа е најлошата поморска катастрофа во историјата на Австралија. Американска подморница го торпедирала бродот, не знаејќи дека е полн со затвореници заробени во Папуа Нова Гвинеја. Бродот „Монтевидео Мару“ потонал во јули 1942 година.

Се проценува дека загинале 979 Австралијци, заедно со 33 норвешки морнари и 20 јапонски стражари и екипаж.

Австралиската поморска археолошка група, фондацијата Sailworld, ја организираше мисијата со помош на холандска компанија за истражување на длабочините на морето наречена „Фугро“.

Потонатиот брод е лоциран со автономно подводно возило AUV, на длабочина од повеќе од 4.000 метри, што е поголема длабочина од онаа на која се наоѓа потонатиот брод Титаник.

Капетанот Роџер Тарнер, технички специјалист во тимот за пребарување, изјави за Би-Би-Си дека „сега тоа е воена гробница, кон која мора да се постапи со соодветна почит“. Најблиску што AUV дошол до олупината било 45 метри, рече тој.

Австралискиот премиер Ентони Албанес изјави дека „конечно е пронајдено почивалиштето на изгубените души на Монтевидео Мару“.

„Се надеваме дека денешните вести ќе донесат одредена утеха за најблиските“, рече тој.

Слични содржини