20-годишна девојка е обвинета за убиство откако полицијата пронашла тела на три новородени деца во подрумот на нејзиниот дом во селото Черники, Полска. Тамошниот државен обвинител во саботата потврдил дека е уапсена женска личност која е осомничена за убиство, но и за инцест.
Полицијата во петокот вечерта пронашла мртво новороденче во подрумот на куќата, а по натамошното пребарување било пронајдено уште едно тело на новороденче во напредна фаза на распаѓање, па не можело веднаш да се утврди кога и како починало.
Полицијата на крајот го пронашла и третото мртво бебе.
„Телата се однесени во Одделот за судска медицина во Гдањск на обдукција“, изјавил обвинителот Мариуш Душинск.
Според тамошните медиуми, истрагата се води и против таткото на девојката (54).
„За овој случај се приведени две лица – маж и неговата ќерка. Покрај увидот на лице место, обвинителот истовремено сослушува жена која е обвинета за убиство. Засега не даваме дополнителни информации за тоа бидејќи рочиштето е во тек“, додал тој, а пренесува thefirstnews.