Пронајдени траги од дрога во тоалетите во Парламентот на Финска

од Milan1
8 прегледи

Финскиот јавен радиодифузен сервис пронајде остатоци од дрога во три различни тоалети во финскиот Парламент, и тоа и во машкиот и женскиот.

Врз основа на резултатите од тестирањето на тоалетите за време на традиционалната годишна божиќна забава, пронајдени се траги од амфетамин, екстази или МДМА и кокаин.

Кале Лагерблом, оперативен директор на лабораторијата Мезурлабс, кој ги толкуваше резултатите, процени дека количината на остатоците од дрога е мала. „Резултатите може да се сметаат за сосема безбедни.

Остатоците се навистина мали, но очигледно има остатоци“, посочи тој.

Остатоци од дрога биле пронајдени само во тоалетите на подот каде се одржувала божиќната веселба, додека во двата тоалета на третиот кат немало.

Со оглед на тоа што употребата на дрога е се почеста појава во Финска, јавниот сервис сакаше да открие дали трагите од употреба на дрога во Финска стигнуваат до просториите на Парламентот, односно таму каде пратениците ги донесуваат законите за дроги.

Според анкетите во Финска, се повеќе луѓе пробале дрога.

Околу милион луѓе во Финска пробале канабис, додека рекорден број починале од оваа дрога во 2023 година, вкупно 310 луѓе.

Слични содржини