Пронајдени украдени слики на Пикасо и Мондријан во Грција

од Nikola Popovski
359 прегледи

Грчката полиција пронашла уметнички дела од Пабло Пикасо и холандскиот сликар Пит Мондријан, украдени од грчката национална галерија во 2012 година.

Крадците провалиле во галеријата и ја украле сликата на Пикасо „Женска глава“ од 1939 година, која уметникот ја донирал на галеријата во 1949 година и „Милдан“ на Мондријан од 1905 година, објави Ројтерс.

Полицијата денес откри две уметнички дела скриени во клисура во пошироката област на Атина и уапсила еден Грк, изјавил еден полициски службеник, пренесува Танјуг.

Слични содржини