Пронајдениот кокаин во Белата куќа му припаѓал на некој од кругот на Бајден?

од Nikola Popovski
242 прегледи

Кесичката со кокаин пронајдена во западното крило на Белата куќа минатиот месец, наводно, припаѓала на некој близок до семејството Бајден.

За ова бил информиран американскиот претседател Џозеф Бајден, јавуваат американските медиуми.

Повикувајќи се на неименувани извори од безбедносните служби, магазинот „Soldier of Fortune“ пренесува дека и покрај јавната објава дека „поради недостиг на физички докази“, истрагата за кесичката со кокаин е затворена, иако не е идентификувано лице кое ја носело, надлежните можеле да откријат за кого станува збор.

Ако сакате име, прашајте го Џо Бајден. Тој знае за кој станува збор, наводно изјавил еден извор за магазинот, додека друг додал дека тоа е „некој во кругот на семејството Бајден, но не е Хантер“, алудирајќи на синот на претседателот, за кој е познато дека има посетувано рехабилитација од дрога.

Портпаролот на тајната служба Ентони Гуглиелми за „Њујорк пост“ изјави дека наводите за кесичката со кокаин се „лажни“.

„Нашата истрага не беше во можност да доведе до осомничен и немаше видливи отпечатоци од прсти или ДНК што можеа да се извлечат од кесичката“, рекол тој.

Кокаинот е дрога од Листата II од Законот за контролирани супстанции и неговото поседување, употреба и дистрибуција се нелегални според тамошниот федерален закон.

„Њујорк пост“ потсетува дека тајната служба минатата година открила и траги од марихуана во Белата куќа.

Слични содржини