Пронајдено безживотно тело на момче во реката Радика

од Nikola Popovski
319 прегледи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 22-годишно момче од долнореканското село Ростуше го загуби животот со давење во водите на Радика.

„Вчера, 19 мај 2021, околу 17 часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека по течението на реката Радика, на место викано Влог, Oпштина Маврово и Ростуше, било пронајдено телото на Б.А.(22) од село Ростуше“, велат од СВР Тетово.

По пријавата била повикана екипа на Противпожарната единица-Дебар која го извадила телото од реката, а лекар констатирал смрт.

Увид на местото извршила екипа од ОВР-Гостивар и Јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција.

Слични содржини