289
Кај Железничката станица во Зелениково, во правец кон Велес, во близина на шините, вчера бил пронајден човечки труп.
-На 09.08.2022 во 09.42 часот во СВР Скопје, Т.Г., вработен во Македонски железници, пријавил дека на еден километар по Железничката станица во Зелениково, во правец кон Велес, во близина на шините, пронашол човечки труп.
По наредба на Јавен обвинител, телото ќе биде предадено за обдукција.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, велат од полицијата.