329
Утрово е пронајдено безживотното тело на момчето кое завчера се удави во реката Вардар кај неготинско Пепелиште, за МИА потврди Билјана Филипова, директор на Здравствен дом Неготино.
– Утрово екипата на Брза помош констатира смрт кај момчето. Без знаци за други надворешни повреди, рече Филипова.
Телото било пронајдено во близина на местото кадешто било и давењето.