Пронајдено двегодишното девојче од Србија поради кое беше активиран системот „Најди ме“

од Nikola Popovski
222 прегледи

Девојчето Дуња Марковиќ кое вчера исчезна во српскиот град Уб е пронајдено живо, потврдиле од српското МВР. Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ информирал дека малата Дуња, која вчера исчезна во Уб, е пронајдена, свесна и комуникативна и дека е пренесена на преглед во болница.

„Малата Дуња, која исчезна вчера во Уб, е пронајдена свесна и комуникативна и е пренесена на преглед во болница. Девојчето било пронајдено на околу два до три километри од дома. Полициски екипи се уште се на лице место и ќе вршат увид на местото каде што е пронајдено детето. Ова е секако среќен епилог од потрагата. Ќе се утврдат сите околности, но најважно е дека Дуња е жива и ќе се врати кај семејството“, рекол Дачиќ.

За потсетување, девојчето исчезна во понеделникот попладне во Уб додека си играло со своите браќа и сестри пред семејната куќа.

Синоќа по трет пат беше активиран системот „Најди ме“ кај нашиот северен сосед.

Слични содржини