Пронајденo мртво мoмче во холот на поранешната зграда на „Телеком“ во Тетово

од desk3
117 прегледи

Во просториите на поранешната зграда на „Телоком“, објект кој за време на изборите ДУИ го користи како изборен штаб, е пронајдено безживотно тело на 25-годишен жител на Тетово.

policija

Според тетовското јавно обвинителство, лицето е затекнато обесено, со јамка околу вратот, на скалите во внатрешноста од објектот.

Момчето работело како келнер во едно од тетовските кафулиња. СВР Тетово, јавен обвинител и екипи на Судска медицина извршија увид на местото. Мртвото тело е предадено на обдукција за да се утврди како точно настапила смртта.

 

META