343
МВР соопшти дека 58-годишен скопјанец вчера е пронајден мртов во неговиот стан во Ѓорче Петров.
– На 11.05.2021 во 17.40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека во својот домот на подрачјето на Ѓорче Петров бил пронајден починат Н.К.(58) од Скопје, информира полицијата.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.