75
Вчера околу 12 часот на влезот во Струмица, на локација позади складот за дрва на Шумското стопанство „Беласица“, на место „Крива река“, бил пронајден починат М.А. (19), матурант во едно од струмичките средни училишта.
Трагичната вест за МИА ја потврдија од ОЈО Струмица и СВР Струмица.
Според обвинителката Виолета Милчовска, телото на момчето било предадено на обдукција и од досегашните наоди нема знаци на насилство и се чекаат токсиколошките анализи за да имаат појасна слика за причините за смртта.
И од полицијата потврдуваат дека вчера околу 12 часот било пријавено дека во близина на Струмица, на необработена нива, било пронајдено безживотно тело на 19 годишно момче од Струмица.