Попладнево е пронајдено телото на момче со иницијали Ф.Р од село Никуштак кој од 30 јули се води како исчезнат во водите на езерото кај браната Глажња. Во потрагата учествува повеќе тимови од Дирекцијата за заштита и спасување, како и нуркачи од „Тигрите“ и „Волците“. Во моментов се работи на извлекување на телото од водите.
Директорите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов и Беким Максути, денеска беа на терен кај вештачкото езеро.
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово го обезбедуваат местото на инцидентот.
Како што информира претходно Ангелов, видливоста на езерото била слаба, а длабочината многу висока.
По 29-годишното момче се трагаше уште од минатата недела.