Уште едно тело на дете е пронајдено при дополнителен преглед на македонскиот автобус којшто изгоре на автопатот „Струма“ во Бугарија. Со тоа бројката на жртвите од несреќата е 45 лица.
-Во 21:15 часот во трагичната ноќ преку преминот „Капитан Андреево“ влегле 52 патници, од нив во автобусот пронајдовме 45, а седуммина се во болницата Пирогов. За жал нема уште еден спасен, рече заменикот главен обвинител и началник на бугарската Националната истражна служба, Борислав Сарафов.
И државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески ја потврди информацијата дека телото на 45-тата жртва било во просторот од автобусот .
Местото не било видливо со оглед дека во тој дел од автобусот бил најмногу изгорен и во еден дел кај што не можело телото да се забележи, во моментот на извлекување на телата, изјави државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески околу денешното пронаоѓање на 45-та жртва во несреќата.
Според него, кога се пристапило кон испитување на внатрешноста на автобусот, тогаш се пронашло телото.
-Тоа е помладо лице. Не може да се каже дека е најдено на седиште или под, со оглед дека целата внатрешност беше изгорен. Знам како изгледаше. Силината на оганот придонела делови на возилото да бидат деформирани, освен просторот каде што се наоѓал моторот, информира Јовески во емисијата „360“.
Во тешка сообраќајна несреќа на македонски туристички автобус на автопат во Бугарија загинаа 45 луѓе, а седуммина се повредени. Автобусотот на компанијата „Беса турс“ се враќал кон Скопје од туристичко патување во Истанбул.