Пронајдено телото на заложник (28) киднапиран од Хамас на фестивалот

од Stefanija Kuzmanovska
203 прегледи

Израелските одбранбени сили објавија дека војниците на ИДФ го пронашле телото на заложникот Ели Толедан (28), кој на 7 октомври го зеле терористите од музичкиот фестивал „Супернова“ во близина на кибуцот Реим.

Телото на Толедан било извлечено од Газа за време на израелска воена операција, а откако било вратено во Израел и идентификувано, неговото семејство било информирано. Не се знае како и кога починал.

На фестивалот загинаа околу 360 луѓе, а уште 36 беа земени како заложници. Се верува дека во Газа останале 134 заложници и дека не се сите живи.

Пронајдени се телата на шест заложници, меѓу кои и на Толедан. Израелските одбранбени сили ја потврдија смртта на околу 20 од оние што сè уште ги држи Хамас, повикувајќи се на нови разузнавачки информации и откритија направени од војници кои дејствуваат во Газа.

Толедан бил на фестивалот „Супернова“ со својата пријателка Мија Шем (21), која беше ослободена на први декември како дел од привремениот договор за прекин на огнот. Шем за време на нападот била застрелана во раката, а откако била ослободена, нејзината тетка изјавила дека била оперирана од палестински ветеринар додека била во заробеништво.

Според очевидци, Толедан последен пат бил виден со Шем во раните утрински часови на 7 октомври на забавата.

Слични содржини