Регионалниот ЦУК Тетово денеска информира дека преку Е – 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е добиена информација дека биле пронајдени неексплодирани убојни средства (НУС), стари бомби и гранати, во Гостивар, конкретно на улица „Илинденска“ број 201 од страна на службено полициско лице од СВР Тетово.
-При информативната координација од страна на ЦУК преку РЦУК Тетово и РЦУК Гостивар, се известени одговорните од Дирекцијата за заштита и спасување ДЗС Гостивар, а и други институции од Системот за управување со кризи (СУК). Притоа ЦУК е известен дека, бидејќи подрачно одделение ДЗС Гостивар нема стручни лица за деминирање – пиротехничари, ќе стапат во контакт со пиротехничари од Кичево за безбедно да се отстранат неексплодираните убојни средства во Гостивар, информираат од Центарот за управување со кризи.
-Додека пристигнат пиротехничарите, а и додека работат, полицајците од СВР Гостивар ќе го обезбедува местото каде што се наоѓаат неексплодираните убојни експлозивни материјали во Гостивар, додаваат од ЦУК.